Зеленски подготвен за директни разговори со Путин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на неговиот телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот, украинскиот претседател Владимир Зеленски ја потврди својата подготвеност за директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Сибига за ТВ каналот 1+1.

„За време на телефонскиот разговор, Зеленски му ја потврди на американскиот претседател подготвеноста за директни разговори со Путин. Украина се залага за дипломатско решение за конфликтот во Донбас“, рече Сибига.

„Нормандискиот формат не успеа да го даде предвидениот резултат, а тоа е мир во Украина. Украинската страна бара платформи, механизми и формати за да го овозможат мировниот процес. Не сме ние тие што го блокираат процесот во Минск, ние бараме мир“, продолжи службеникот.

„Украина ја претстави својата јасна визија за тоа како може да се постигне напредок во овој поглед и тоа ќе биде тема за дискусија преку дипломатски канали“, додаде тој.

Минатиот мај, Зеленски рече дека е подготвен за дијалог со Путин, додавајќи дека неговата канцеларија започнала преговори за прашањето за организирање на таков состанок. Песков подоцна потврди дека контактите меѓу двете земји се во тек, но процесот бил „тежок“. Рускиот претседател на 22 април како одговор на предлогот на Зеленски за лична средба рече дека доколку се разговара за проблемите на Донбас, украинското раководство пред се треба да се сретне со лидерите на народната република Луганск и Доњецк. Путин верува дека ова треба да биде првиот чекор што треба да се направи кон решението во Донбас, додека разговорите за овие прашања со која било трета страна, вклучително и Русија, може да следат дури потоа. Тој нагласи дека ќе биде подготвен да го прими Зеленски во Москва во секој погоден момент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This