ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА УЛИЦА: Бостанџиите први смогнаа храброст да излезат на протести – ќе блокираат патишта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бостанџиите од југоисточна Македонија најавија дека ќе ги блокираат патиштата поради незаинтересираноста на новата влада и министерот за земјоделие за решавање на ниската откупна цена на бостанот годинава.

Незадоволството кај земјоделците еруптираше откако тие неколку денови повикуваат новата влада и министерот за земјоделие да го решат проблемот со ниската откупна цена бостанот која овие денови се движи од 2,5 до 3 денари.

Ново во развојот на овој проблем е што земјоделците побараа посебна комисија од Владата и Министерството за земјоделие која би ги утврдила штетите што настанале поради слабиот откуп на земјоделските производи.

Земјоделците велат дека вакви проблеми немале со претходната влада и дека таа си била добра, додека владата на СДСМ е за никаде.

Претходно градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, јавно го повика министерот за земјоделие Љупчо Николовски веднаш да дојде во нивната општина и да го реши овој огромен проблем бидејќи бостанот скапува на нивите.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This