„Златно“ млеко: Консумирајте го овој чудесен напиток секоја вечер пред спиење, а еве и зошто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Златното млеко“ е прекрасен, вкусен и неверојатно здрав напиток, особено погоден за консумирање навечер, односно пред спиење, а придобивките од истиот се извонредни.

Главната состојка во овој рецепт е куркумата. Куркумата содржи куркумин, полифенолен кој важи за како основна активна состојка, со што се постигнуваат повеќе од 150 потенцијално терапевтски активности и вклучува антиоксидантни, антиинфламаторни и антиканцерогени својства.

Дополнителни придобивки од напитокот:

Антивоспалително дејство, антиоксиданс, антисептик, аналгетик
Го зајакнува имунитетот
Антиканцероген
Помага во одржување на нивото на холестерол
Го стимулира здравјето на дигестивниот систем
Прочистувач на црниот дроб
Го регулира метаболизмот и ја регулира телесната тежина
Го регулира високиот крвен притисок
Ја подобрува меморијата и мозочната активност
Помага при разни состојби на кожата
При невролошки нарушувања
Ги намалува триглицеридите

Златно млеко

Потребни состојки:
1 шолја млеко по ваш избор (може да биде и растително)
1 кафена лажица кокосово масло
1/4 до ½ кафена лажица паста од куркума
Мед или некој билен засладувач (по избор)
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки заедно освен медот во тенџере за готвење. Вклучете го огнот на средна моќност. Додека се загрева, задолжително мешајте постојано и не оставајте да зоврие. Додадете мед по желба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This