Злoyпoтpeбилa фoтoгpaфии нa мајка и ќерка и ги нaвpeдyвaлa нa Фejcбyк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гостиварското обвинителство поведе постапка против 47-годишна гостиварка за која постои основано сомнение дека злоупотребила лични податоци со тоа што во неколку наврати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетничка и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил.

Според соопштението од Јавното обвинителство, на така преземените фотографии, осомничената додавала недолични и лажни коментари, кои што предизвикале чувство на омаловажување на малолетничката и нејзината мајка.

Осомничената се товари дека го сторила кривичното дело „злоупотреба на лични податоци” поради тоа што, како што се наведува во соопштението, без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати ги сторила горенаведените активности казниви според член 149 став 1 од Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This