ЗОВРИВА СИТУАЦИЈАТА ПОМЕЃУ УКРАИНА И РУСИЈА: Руската морнарица заплени три украински воени бродови – Украина прогласи воена состојба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украинската морнарица соопшти дека Русија отворила оган и запленила три од нејзините бродови крај брегот на анектираниот Крим, што се толкува како голема ескалација на тензиите.

Од морнарицата соопштуваат дека по голема брканица, руските специјални сили заробиле две топовници и еден реморкер. Два члена на украинскиот екипаж се повредени.

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина донесе одлука да воведе воена состојба на територијата на земјата во траење од 60 дена. Одлуката за тоа треба да ја потврди Врховната рада на Украина.

„Воведувањето на воена состојба на ниту еден начин не значи дека Украина ќе води некакви офанзивни дејствија. Украина исклучиво ќе води дејства за одбрана на својата територија, заштита и безбедност на своите граѓани“, рекол украинскиот претседател Петро Порошенко во настапот кој го пренесуваа украинските телевизиски канали.

Тоа исто така, како што вели Порошенко, не значи дека ќе бидат променети позициите на линијата на разграничувања во поединечни области во Доњецката и Луганската област, како ниту во другите краеви на земјат.а

Порошенко додава дека прогласувањето на воена сосстојба не подразбира ограничување на правата и слободите на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This