ЗОШТО МВР И УЈП МОЛЧАТ?: Зошто се крие долгот на СДСМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ наместо да ги злoyпотребува институциите за партиска пресметка да каже зошто сѐ уште им е неподмирен долгот од 2.5 милиони денари од претседателската кампања на Стево Пендаровски и зошто институциите не смеат да зборуваат за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зошто МВР и УЈП молчат за долгот на СДСМ!? Оливер Спасовски и Сања Лукаревска го кpијат долгот на СДСМ и непостапуваат. СДСМ го надмина дозволеното салдо и го пречекори лимитот на финансирање. Но, затоа институциите се глуви, стои во партиското соопштение и се додава:

„Долгот кој ВМРО-ДПМНЕ го имала кон една од фирмите со кои соработувала во кампања е регулиран, склучен е договор за исплата на долгот и веќе е отпочнат процес на исплаќање. Долгот е во рамки на дозволеното салдо и сите законски норми се запазени. Очекуваме МВР на Спасовски и УЈП на Лукаревска да се охрабрат и да го истражат случајот со долгот на СДСМ, но и да поведат соодветна постапка пред органите на системот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This