ЗОШТО ОЛИВЕР ГО ШТИТИ УБИЕЦОТ: 24 часа молк во МВР за убиството во Аеродром, иако јавноста веќе го знае убиецот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што се случи вчера во скопски Аеродром? Кој е убиецот на младото момче и  која е причината за грозоморниот чин? Одговор на овие прашања кои ја загрижуваат јавноста нема!

Молчи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од СДСМ, а одговор нема ниту од било кој друг функционер во државата или служба за односи со јавност во МВР. Спасовски бега од својата одговорност да и соопшти на македонската јавност што се случи вчера?!

Нема одговори на прашањата: „Кој е убиецот“, „Дали сторителот им е познат“, „Каде се наоѓа“, „Дали МВР по него распиша потерница“?

Граѓаните се загрижени за својата безбедност, а Спасовски избегнува да одговори „Зошто досега сторителот не е приведен“?

Меѓу граѓани и на социјални мрежи, уште синоќа гласно се зборува за тоа кој пукаше во младото момче. Идентитетот им е познат на многумина, но МВР и Владата на СДСМ молчат. Затоа се остава простор за основан сомнеж дека тие целат случајот да се заташка или да се најде начин да се спаси убиецот, кој според шпекулациите е човек близок до нив.

Според она за што веќе наголемо се зборува, како сторител на ладнокрвното убиство се посочува лице кое се поврзува со подземјето и со повеќе негови обиди да се превземе бизнисот со обезбедувањето.

-Се шпекулира дека целиот инцидент може да е поврзан и со новата агенција за обезбедување која се појави неодамна, а за која предупреди колумнистот Сашо Ордановски.  Молкот во МВР ги подгрева ваквите приказни – за вчерашното убиство, пак, очевидците кои беа и премногу исплашени да говорат пред камера велат дека ги потсетило на Белград во 90-тите, дека им се чини како во Скопје да почнуваат да се случуваат мафијашки пресметки на сред улица и пред кафулиња, објави синоќа Алфа телевизија.

Министерот Спасовски изминатиов период на прес-конференции излегува за се и сешто. Одржа десетици празни прес-конференции на кои ја занимаваше јавноста со мачки кои го гребеле Мерцедесот во кој што се вози премиерот Зоран Заев.

Нема никаква реакција ниту од невладините организации кои изминативе години протестираа дури и за насилство врз улични кучиња. Дали го оправдуваат убиството на момчето и молкот на МВР или пак стравот од мафијата блиска до СДСМ ги има обземено и нив?

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This