Зaдoлжитeлни Koвид дoкyмeнти зa влeз вo cyдoвитe вo Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или резултат од негативен тест, од денеска се задолжителни за влез во судовите во Грција, како за службениците и адвокатите, така и за граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за правда на Грција соопштуваат дека со почетокот од новата судска година, сите судови ќе работат регуларно, а за безбеден пристап неопходен е документ за Ковид-19.

Исклучоци има за одредени итни случаи, кога наместо рапид или ПЦР тест, може да се покаже негативен резултат од селф тест.

Прописите важат за лица со наполнети 12 години, додека пак децата од четири до 11 години, може да влезат со потврда од негативен селф тест.

При влезот во судовите или службите, ќе се врши проверка на сертификатите, во печатена или електронска форма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This