ЗAKAНИ ОД ДЕНДИЈАС: Македонија правилно да го толкува Договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија треба да ги почитува обврските и правилно да го толкува Договорот од Преспа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

Во однос на Владата на Македонија јасно е дека треба стpого и точно да се придржуваат до обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа. Во ова е вклучено и точното толкување, бидејќи секој правен текст, па дури и најкомплетниот и најдеталниот правен текст има простор за толкување. Сакаме да се согласиме со Владата на Македонија за правилно толкување на договорот. Да ги рeшиме проблемите со пpоизводите. Да ги заштитиме интересите на грчките бизниси на позитивен начин за целиот регион. Да се почитува се што е предвидено за прашањата на културното наследство на античка Грција, вели Дендиас.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција денеска е во Луксембург, каде што ќе учествува на Советот за надворешни прашања на ЕУ.

Утре, шефот на грчката дипломатија заедно со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција ќе учествуваат на Советот за општи работи на Унијата, а дискусијата ќе се фокусира на подготовката за претстојниот Совет на ЕУ на 17 и 18 октомври. Особен акцент за време на утрешниот состанок ќе биде ставен и на европската перспектива на Македонија и Албанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This