Зapaзени деца, наставници и воспитувачи: Ковид во основно и средно училиште и во градинка во Струмица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два кластери на заразени од Ковид-19 се регистрирани во едно основно и средно училиште и еден во градинка во Струмица. Има позитивни ученици и деца, но и наставници и воспитувачи.
Ова го соопштија од Центарот за јавно здравје во Струмица, од каде велат дека трансмисијата на вирусот била во самите уличишта и затоа се водат како нови кластери.
-Прeземени се сите неопходни мерки и се надевам дека во иднина нема да се појавуваат други ученици. Меѓутоа, ако постои ние по епидемиолошка индикација секако ќе тестираме. Согласно мерките и протоколите кои се од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ние постапивме така како што треба. Дел од учениците веќе се ставени во домашна изолација, тие се под надзор и се следи нивната здравствена состојба, вели епидемиологот Мери Николова Гичева.
Позитивни случаи се регистрирани и во две градинки, заради што дваесетина деца и неколку вработени се ставени во изолација.
Според Николова Гичева, моменталната состојба со Ковид-19 во регионот на Струмица и Валандово ја оценуваат како нестабилна, а бројот на новозаразени расте секојдневно. Во овој бран вирусот најмногу ги погодува младите и средна генерација граѓани, а во последните денови струмичкиот регион е во самиот врв по број на нови случаи од коронавирус

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This