ИВАН ПЕРНАР ПОВТОРНО ОТСТРАНЕТ ОД СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА: Срамота, гласате механички, ја криете расправата и содржината од граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватскиот пратеник од редовите на Жив Ѕид, Иван Пернар повторно беше одвлечен од собраниската говорница со помош на обезбедувањето.

“Сите одеше според планот на претседателот на хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ, додека тој ги одби сите 212 амандмани кои беа поднесени од страна на опозицијата, се додека не се појави Иван Пернар”, напиша самиот Пернар на Фејсбук кратко време откако беше одвлечен и суспендиран од работатата на парламентот.

Иван Пернар дојде до говорницата и почна да зборува иако немаше дозвола да зборува. Тоа се случи кратко време откако претседателот на Парламентот, Гордан Јандроковиќ, ги предупреди пратениците од МОСТ, Грмоја и Буља да не го злоупотребуваат микрофонот, додека тој зборува и и ги чита амандманите. Всушност ЈАндроковиќ само ги читаше редните броеви на амандманите, но не и содржината на истите.

“Ги предупредивте колегите Буља и Грмоја без причина, направивте пратенички состав каде што не се знае за што се расправа. Сте направиле состав кој гласа механички. Срамота, ја сокривте дебатата од народот”, рече Пернар.

“Го опоменувам колегата Пернар, отстранете го до крајот на денот,  јас дури и не сакам да коментирам за овој вид на однесување”, кажа претседателот на парламентот, Јандроковиќ. “Ве молам отстранете го од салата”, рече Јандроковиќ.

Потоа, членот на парламентарната стража го испрати Пернар надвор од собраниската сала.

“Се обидов да се укажам дека владејачкото мнозинство не само што ја разедли расправата за амандманите од гласањето, туку направи да не се знае за кој амандман се зборува или кој амандман се одбива. Се читаат само бројот на амандманите и кој ги предлага, без јавноста знае што е содржината и на што се однесува амандманот “, напиша Пернар потоа на Фејсбук.

https://www.facebook.com/pernari/posts/2236145736711197

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This