ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС ЗАПОЧНА: Отворени гласачките места – денес се решава судбината на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По цели две години вештачка политичка криза, две одложувања на изборите и многу обвинувања конечно започна изборниот процес во Македонија

izbori-420x240

Две години Македонија се наоѓа во длабока политичка и економска вештачки креирана криза, која започна со објавување на нелегално стекнати и монтирани прислушкувани разговори од страна на една политичка партија.

Претставниците на Владата на Р.Македонија тврдат дека се работи за смислено сценарио од страна на неколку странски разузнавачки и дипломатски служби, а тие наоди беа потврдени и со една од пресудите во случајот „Пуч“ во која обвинет го призна делото.

Следеа протести и организирање на „Обоена Револуција“ по примерот на Украинското деструктивно сценарио, а кулминацијата беше терористичкиот напад во Диво Насеље кумановско каде што осумина полицајци го загубија животот, во анти-терористичката акција против добро опремена терористичка група уфрлена од Косово.

По ова, на барање на една партија се пријде кон политички разговори со вмешување на странскиот фактор што резултираше со донесувањето на т.н. Пржински договор.

По исполнувањето на сите барања од страна на Владата на Р.Македонија на првичниот договор, една политичка партија започна со манипулирање со бројката на гласачи во избирачкиот список, по што за прв пат беа одложени изборите на 24-ти Април.

Откако се исчисти избирачкиот список, се закажаа нови избори на 5-ти јуни, кои беа одложени на барање на странскиот фактор поради забелешките на една политичка партија во врска со медиумите.

Конечно, се договори термин за избори на 11-ти декември, денес.

Денес е денот кога сите Македонци треба масовно да излезат и да го дадат својот глас. Да одлучат помеѓу изборни програми кои ветуваат унитарна Македонија, или поделена на федерални единки – кантони.

Македонија безбедна и стабилна, наспроти Македонија во која некој друг однадвор ќе диктира како да се однесуваме.

Изборниот ден започна!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This