ИЗБРИШАНИ ПРОФИЛИ НА ТВИТЕР И ФБ ПОРАДИ ОВОЈ ТЕКСТ: Ова е текстот поради кој Оливер Спасовски наредил бришење на профили на социјални мрежи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секторот за компјутерски криминал при МВР, по наредба на министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДС Оливер Спасовски, следи преку 68 профили на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, кои подоцна ги блокира ако истите тие корисници изнесуваат критики кон новата влада на Зоран Заев – пишуваа медиумите во последната недела

 

Лицата за кои има сомнеж дека се блокирани од твитер на барање и пријава на МВР се познати како критизери на власта и политиките на Заев и СДСМ, а пред неколку дена против нив беше покрената кампања за да бидат пријавувани во твитер со цел да бидат блокирани од социјалната мрежа.

СДСМ и Заев се фалеа дека посакуваат критика, а наместо тоа се занимаваат со цензура, нешто за што ја обвинуваа претходната власт со лажни обвиненија и измислени случаи.

Еден од профилите кои беа блокирани од мрежата Твитер, е на познатиот твитерџија кој се води под псевдонимот „Пази Леџа“, а причината за тоа е објавата на текст во кој твитерџијата открива како функционира владата на СДС, во случајот со уцените од страна на братот на Ермира Мехмети, Замир Мехмети инаку еден од предводниците на „платеничката револуција“.

„Пази Леџа“ објави текст во кој се објаснува како Замир лично од Зоран Заев барал вработување во Македонски Телеком на некоја раководна функција, каде што ќе може да ги користи и сите бенефити, како платени ручеци, автомобили, шофери и плата не помала од 3.000 евра.
Ако, ова не биде возможно, Замир барал да биде ставен на раководна функција во Агенцијата за медиуми или во АЕК. Секако под истите услови.

Во текстот насловен како „Како Зоран Заев ги плаќа фактурите за услугите на шарените револуционери?“ во детали е објаснета ситуацијата со уцените од страна на Замир Мехмети. Веднаш по објавувањето на овој текст, профилот на твитер „Пази Леџа“ беше блокиран.

Во текстот се додава дека „Замир е свесен дека сега е вистинскиот момент за да изврши притисок токму пред локалните избори, период во кој Зоран Заев не сака да прави нови непријатели во медиумите.“

„Бидејќи опците за вработување во некоја од владините институции е тешко изводлива поради Европското законодавство, највројатно Замир ќе биде вработен во Македонски телеком. Вистинските професионалци и поддржувачи на СДСМ и нивната идеологија се сериозно загрижени поради ваквиот менаџмент со човечките ресурси од страна на Зоран Заев, но неговиот единствен одговор бил дека тој е шеф и тој одлучува на кој ќе му припаднат придобивките од формирањето на владата“.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This