ИЗБРКАНИОТ ДРЖАВЕН СОВЕТНИК СО СВЕДОШТВО НА ФЕЈСБУК: Избркан сум од работа од местото државен советник во Министерството за земјоделство затоа што сум член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цветан Трипуновски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за кој генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денес соопшти дека бил избркан од работа бидејќи држел прес конференција за ГМО оризот и ниските цени на сливата, се огласи на социјалните мрежи

Трипуновски вели дека власта преку политички прогон сака да ја умртви секоја критички настроена мисла во Македонија.

„Црнилата кои ги донесе СДСМ надвиснаа над секоја пора од нашето општество. Власта преку политички прогон сака да ја умртви секоја критички настроена мисла во Македонија.

На Николовски не му се потребни професионалци кои даваат значаен придонес во подобрување животот на земјоделците, туку потребни му се партиски членови кои ќе му аплаудираат на сите негови погубни политики.

Избркан сум од работа од местото државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство само и само заради тоа што сум член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и изминатиот период јавно искажував став и сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на македонските земјоделци.

Во апсурдното образложение за отказот се наведува дека сум бил наратор на прес конференција и како претставник на политичка партија сум нанесувал директна штета врз угледот на институцијата и ја поткопува довербата во администрацијата.

Со ова образложение власта потврдува дека се забранува критиката и различното мислење во институциите, дека апсолутно ниту еден вработен во администрацијата не смее да има различно мислење од Николовски и Заев.Така власта порачува дека во државните институции треба да владее едноумие исто како во диктаторските држави.

Власта наместо најдобронамерно да ги прифати критиките таа ги забранува. Не сакаат јавноста да знае дека земјоделието е клекнато на колена а земјоделците сведени на работ на преживување.
Црнилата на власта го достигнаа врвот на нечовечноста. Тие црнила ги осетија производителите на јаболка, сливи, бостан, пченица, зелка, домати, ориз итн. Нема гранка која што не трпи штети од криминогената власт.

Наместо остварување на ветувањата за организиран и сигурен откуп, повисоки цени и нови пазари, донесоа беда за земјоделците. Нема загарантиран откуп, нема нови пазари, а понудените цени за земјоделските производи се мизерни и недостоинствени за маката и трудот на земјоделецот и не им ги покриваат ниту основните трошоци за производство.

Затоа им смета критика, затоа им смета различно мислење. Не сакаат јавно да се зборува за црнилата и бедата кои им ги донесоа на земјоделците.

Сакам да им порачам дека репресиите и сеењето страв нема да ме замолчи, напротив тоа ми дава уште поголем мотив за работа, за критика и борба против ова однародена власт. Нема да не заплашите ниту нас ниту земјоделците.

Ќе дојде ден кога ќе одговарате за сите злодела и за сета злоупотреба на државните институции кои ги користите за политички пресметки. Ќе се бориме се додека не си заминете, за да може конечно да им се раздени на земјоделците и на сите граѓани и конечно да и се раздени на Македонија!“ – напиша Трипуновски на ФБ.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This