ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗАНАЕТЧИИТЕ: Предложени антиkpизни мерки по повод падемиjaта на кopoнавиpyсот oд Занаетчиската комора Скопје до Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Занаетчиската комора Скопје ги предложи следните антикризни мерки до надлежните институции и тоа:

-Преку одвојување на средства од буџетот, ослободување или одложување на плаќањата на придонесите за вработените и самовработените во занаетчискиот сектор кои се ослободени од работа согласно мерките и препораките;

-Итно формирање на фондови за занаетчиство кои ќе бидат користени во случај на криза, пандемија на заразна болест, кои ќе ги користат занаетчиите со доказ дека претрпеле штета во работењето;

-Поволни кредитни линии и можност за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките;

-Мерки за зачувување на работните места во занаетчиството, со намалување на придонесите.

-Вклучување на локалната самоуправа, градот Скопје и општините со креирање на привремени мерки за намалување на комунална такса за користење на јавни површини за занаетчии и комунална такса за фирма во периодот на почитување на мерките за спречување на ширење на корона вирусот

ПРЕПОРАКИ ДО ЗАНАЕТЧИИТЕ:

-мерките за претпазливост и препораките за спречување на ширење на пандемијата да се почитуваат целосно :

-Да се избегнува консумирање на храна во занаетчиските објекти кои вршат производство на храна туку само влез и излез на купувачот без поголемо задржување , со цел намалување на собирање на поголем број на лица на едно место и на тој начин спречување на меѓусебни контакти и ширење на болеста,

Занаетчиската комора Скопје по утврдување на влијанието на пандемијата врз занаетчиството ќе достави нови мерки и предлози до Владата на РСМ, Министерствата за Економија и Министерството за Финансии со цел намалување на обврските на занаетчиите во околности на пандемија од заразната болест.

Ги повикуваме сите занаетчии кои имаат предлози за антикризни мерки да ги достават на следната електронска адреса: info@zkomora.com.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗАНАЕТЧИИТЕ ЗА ПРЕДЛОЖЕНИ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ПО ПОВОД ПАНДЕМИЈА ОД ВИРУСОТ COVID…

Posted by Занаетчиска комора Скопје on Friday, March 13, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This