ИЗВЛЕКОА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ, КУФЕРИ, МОТОРИ: Нуркачи го чистеа морето покрај шеталиштето во Солун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со помош на специјални нуркачи, вчера во Солун продолжи втората фаза за чистење на морето во делот околу шеталиштето и беа извлечени 21 електричен тротинет кои ги фрлиле несовесни граѓани.

Освен тротинетите, на дното на морето биле пронајдени и два мотори, велосипеди и куфери.

Станува збор за електрични тротинети за изнајмување кои на граѓаните и туристите во Солун и Атина им стојат на располагање за нивните прошетки.

Ова е вториот дел од акцијата на општина Солун за чистењето на морето, а во првата фаза, од копно беа извлечени околу 50 електрични тротинети.

Заменикот градоначалник на Солун надлежен за животна средина, Сократис Димитриадис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека најважно е да се пронајдат и да се yaпсат оние што ја предизвикуваат мини еколошката кaтaстрофа во морето, бидејќи хемикалиите што ги испyштаат батериите од електричните тротинети, се најлошиот отпaд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This