ИЗГЛЕДА КАКО СВЕТОТ ДА ВЛЕГУВА ВО ХАОС: Потоп на светските берзи – светот пред нова економска криза?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европските берзи од утринава забележаа пад на цените на акциите, кои се на најниско ниво во последните 22 месеци

Причините за тоа се вчерашниот пад на индексот на Волстрит, напнатоста помеѓу ЕУ и Италија во врска со буџетот, како и политичката напнатост во врска со Саудиска Арабија.

STOXX 600 индексот на водечките европски друштва беше околу 9.45, во минус од 1.1%, паѓајќи на најниско ниво во последните 22 месеци.

Лондонскиот ФТСЕ индекс ослабнал за 0.75%, на 6.997 бодови, додека франкфуртскиот DAX „лизна“ за 1.35%, на 11.365 бодови, парискиот САС 1.1%, на 4.997 бодови, наведува Хина.

Инвеститорите се обесхрабрени по вчерашниот пад на цените на Волстрит додека се чекаат кварталните деловни резултати од некои од најголемите американски компании.

Во фокусот на инвеститорите се и политичките тензии поради Саудиска Арабија поради убиството на саудискиот новинар со американско државјанство Џамал Хашоги.

Неколку земји, вклучително Германија, Британија, Франција и Турција, бараат да се објават сите детали во врска со случајот, но Ријад, кој призна дека новинарот е убиен во нивната амбасада во Турција, прави сѐ да го заштити моќниот принц наследник и тврди дека тој не го нарачал атентатот.

„Накратко, по се изгледа дека светот влегува во хаос“, вели Акира Такеј, портфолио менаџер во компанијата „Асет Менаџмент Оне“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This