Излeзноcт на изборите во Србија до 15 часот 30,8 отсто, помала отколку на претходните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според невладините набљудувачки организации ЦРТА, ИПСОС и Цесид, на парламентарните, покраински и локални избори во Србија излезноста до 15 часот изнесува 30,08 отсто и таа според Црта е за 2 отсто помала од парламентарни избори во 2016 година.

Според Републичката изборна комисија (РИК) до 14 часот излезноста изнесува 26,11 отсто и досега не се забележани поголеми неправилности.

На изборите своето гласачко право од 7 до 20 часот ќе можат да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 140 места на Косово и во 42 амбасади на Србија.

Тие треба да гласаат за 21 изборна листа на партии и коалиции, кои треба да го поминат цензусот од 3 проценти за да освојат пратенички мандати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This