ИЗНЕНАДИ СО ПPOМЕНАТА: Антонија Гиговска со нов имиџ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска денеска ги изненади фановите со својата нова промена во изгледот. Таа на својот инстаграм профил постави фотографии од пред и по промената на бојата на косата. Таа сега стана блондинка…

Како и секогаш својата коса ја довери на својот пријател Даниел Николовски кој се грижи за нејзиниот изглед на секој јавен настап или појавување. Според резултатите кој таа ги сподели, секако дека не згрешила за промената, па сега изгледа навистина освежено, младелашки и потполно ин.

Се вели дека зад секоја промена на косата кај жената, секогаш стои и некоја промена во животот, па можеби и Антонија ни подготвува нешто големо во блиска иднина.

Имено таа оваа година беше матурантка во средното училиште „Јосип Броз – Тито“ во Скопје, па сега пред неа е една голема одлика, одлука за тоа каде ќе го продолжи своето образование.

Неодамна во интервју за магазинот Хаштаг таа одговараше на прашањето поврзано со нејзиното образование и еве што кажа таа, каде се гледа во иднина:

– Да, ќе се запишам, но искрено не знам на кој, поради тоа што не сум прибрана дома, а не сум ни седнала да разговарам со моите. Планирам нешто поврзано со психологијата, педагогијата, нешто поврзано со луѓе, однос со луѓе, контакти со луѓе. Педагогијата доаѓа од мојата љубов кон децата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This