Илиевски до Јовановиќ: Твојот меродавен систем е негативна нула

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Твојот меродавен систем е негативна нула, му порача Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ на аналитичарот и поддржувач на владата на СДСМ и Зоран Заев, Ненад Јовановиќ во вечерашната дебата во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Илиевски во жестока дебата со Јовановиќ буквално народски кажано го минираше Јовановиќ кој невешто и повеќе смешно се обидуваше да ги одбрани катастрофалните политики на владата на СДСМ и Заев, па го праша дали може да наброи три проекти кои ги спровела владата во изминатиот период од кога е на власт.

-Петта година се на власта, наброј ми три проекти кои што ги направиле твоите миленици, го праша Илиевски Јовановиќ.

Во однос на гласањето за доверба на владата, Илиевски рече дека тој е убеден дека е можно да се распадне владината коалиција, а тоа брзо гласање на доверба на владата без дебата е само знак на нервоза од страна на владејачкото мнозинство.

-Јас сум убеден дека е можно да се распадне владината коалиција и навистина мислам дека сме дојдени до таа точка кај што тоа не е прашање на голем временски период, односно народски кажано веќе се паднати само што треба уште некој да им го соопшти тоа. Зошто после два дена после гласање на доверба на влада без дебата дојде некаква си понуда за широка влада за помирување. Јас мислам дека тоа беше како и избрзаниот гест на гласање на доверба на владата, така сами да си се собереме да си гласаме без никаква дебата се само знаци на нервоза, смета Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This