April 28, 2024, 12:40 pm

ИЛИ СТЕ СО НАС, ИЛИ ЌЕ ВЕ СНЕМА: ВМРО-ДПМНЕ укажа на закани кон медиумите кои не се под Сорос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ/Сорос дејствуваат со ултиматум кон медиумите: или ќе бидете со нас или ќе дадеме се од себе за да ве снема од мапата. СДСМ и Сорос активно се борат против секоја мисла различна од нивната, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

vmro-sediste-mk

Или ќе бидете со нас или ќе дадеме се од себе за да ве снема од мапата, е заканата која, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, им била упатувана на медиумите кои не се под влијание на фондациите на Сорос. Од партијата преку соопштение побараа да почне процес на десоросизација во домашниот медиумски пазар.

Во соопштението се изнесуваат тврдења дека двоецот „СДСМ/Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола“.

СДСМ/Сорос дејствуваат со ултиматум кон медиумите: или ќе бидете со нас или ќе дадеме се од себе за да ве снема од мапата. СДСМ и Сорос активно се борат против секоја мисла различна од нивната. Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Соросовиот новинарски синдикат, стои во соопштението, призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори кои му биле дадени, а згора на тоа најавувал и заплашувал со нарачаните папки што ги имал за Катица Јанева.

Ниту МВР под контрола на СДСМ ниту ЗНМ и ССНМ не реагираа со осуда на макар еден случај кога активисти на СДСМ/Сорос се закануваа по живот и напаѓаа новинари кои се неподобни според Заев. Ваков третман имаа Радио слободна Македонија, МТВ, Курир, Сител и низа други. Овој однос е срамен и под секое ниво. Токму затоа процесот на десоросоизација на македонските медиуми е и повеќе од неопходен“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This