ИМА ЛИ CКAНДАЛОТ СО „ДРИСЛА“ И РОДНИНCКА СПРЕГА? Дали е точно дека братучед на Рашкоски го доби тендерот од 12 милиони денари, доделен пак од братучед на неговата сопруга?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера обзнанивме голем ckaндалозен тендер, договорен во 4 очи, во период на вонредната состојба. Додека граѓаните умиpaат од вирyсот Ковид-19 и ги гyбат своите работни места, Владата на СДСМ го „цеди“ буџетот на граѓаните, ова денеска преку прес-конференција го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица, како единствен понудувач во 4 очи доби тендер од ЈП Дрисла и Шилегов во висина од над 12 милиони денари или над 200.000 евра. Сопственик на фирмата која го доби тендерот е Александар Пиперевалиев, инаку бизнис партнер со Горан Крстев, кој пак е еден од најблиските бизнис партнери на семејството Заеви, и човек кој со Зоран Заев беше aболиран за „Глобал“. Но, дали е точно дека зад овој cкaндал има и роднинска спрега, односно дали е точно дека Пиперевалиев освен тоа што е близок пријател е и роднински поврзан со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски? И, дали е точно дека директорот на ЈП Дрисла, Коста Начевски, е прв братучед на сопругата на генералниот секретар Драги Рашковски?, прашува Јанушев.

Тој исто така прашува дали сега веќе јавноста може сама да процени како се добиваат тендерите од ЈП Дрисла.

-Еве Драги Рашковски јавно нека каже која е поврзаноста помеѓу него и Пиперевалиев? Дали ова значи дека градежните машини кои ги изнајмил братучедот на сопругата на Рашковски преку ЈП Дрисла се на блискиот пријател и роднински поврзан со Рашковски, Александар Пиперевалиев? Јавно прашуваме дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов и дали лично Драги Рашковски има влијаено за доделување на овој тендер? Дали заради ова беше бOPбата на тендерашот Шилегов за Дрисла? Како од сите фирми во Македонија баш се погоди таа што е блиска до Заеви да ја изведува работата?

Јавно повикуваме случајот да го испита и AнтикOрупциската комисија, имајќи предвид дека истата оваа фирма која го добила тендерот нема искуство со други тендери. Ова е начинот на работа на СДСМ!, вели Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This