ИМА 3МИИ, НЕМА ЈАВНИ ПЕРАЛНИ И СУШAPИ, СЕ ШИРИ СМPДЕА – вака ѓорчепетровци му вратија на градоначалникот кој не им дава да им се гледаат алиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во општината има змии и нема јавни перални и сушари за алишта, се шири смрдеа од канализација и нечисти одводи, ама градоначалникот на Ѓорче Петров решил да ја разубави општината, со тоа што нема да се гледаат алишта поставени да се сушат по дворовите и терасите!!!

Вака граѓаните на општина Ѓорче Петров реагираа на потсетувањето на нивниот градоначалник Александар Наумоски, што го направи преку Фејсбук, дека според новите измени на одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување, граѓаните не смеат да сушат алишта во своите дворови, ако истите гледаат кон улица или плоштад.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, додаде Наумоски во коментар под објавата.

Граѓаните, пак, главно реагираат со револт, а многумина тераат и мајтап, при што главна забелешка е дека кој каде суши алишта треба да се последен меѓу приоритетите на општината.

„Не сушам алишта, ама и со змииве нешто да се направи. Дексион, излезена од несреденото земјиште кај црвените згради близу очната клиника. Исто така некој си постави и гулабарник. Град ли е село ли е“, пишува еден жител.

Дава и слика од змијата.


„Прво треба да постојат јавни перални со сушари, па потоа ова да се спроведе, виделе нешто од Европа и ќе применуваат, згора на тоа во Мк просеча плата не е 1200 евра па да може секој да си дозволи да купи сушара,така да овој предлог ви е нула“, пишуваат граѓани.

„Не сум од Ѓорче ама морам да ви пишам. Не ми е јасно како ви дошла оваа идеја. Како да не сте прошетале низ Ѓорче и не сте ги виделе куќите таму. Некои куќи воопшто не ни имаат дворно место што не е насочено кон улица/плоштад. Што очекувате со оваа мерка? Дека овие кои немаат такви дворни места, да им стават тркалца на темелите на својата куќа и да си ги преместат куќите?
Вие добро знаете дека сите нема да го направат тоа и не ни можат. А сметам дека намерно ја спроведувате оваа одлука, за кога би почнале да казнувате со вртоглави суми луѓето да немаат друг избор освен да им го продадат својот имот на градежните мафиози да изградат нови згради во Ѓорче затоа што им ја пикирале населбата како својата следна жртва.
Нека не биде ова механизам за пример за останатите општини.
Биди против урбаната мафија. Отповикај ја оваа одлука!“, коментира друг граѓанин.

„Смрдеа од канализација, нефункционални одводи, поплавени улици и гаражи и од мал дожд, одвратна смрдеа и загаден воздух кој се чувствува и во летниве месеци, ГП нема ни мерна станица за состојбата со воздухот, сигурно се палат некои помали депонии и пластика на територија на ЃП, поради загадениот воздух не може надвор да се сушат алиштата… коли паркирани по тротоари (таму каде што има тротоари, бидејки и на поголемите улици нема тротоари), се вози над дозволената брзина по ул. Борис Сарафов постојано, имаш и жртви… на велосипедската патека на Борис Сарафоф треба да се стават столпчиња… неозначени улици, ниту хоризонтална, ниту вертикална сигнализација…“, пишуваат граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This