ИМ ЈА УKИHAA И УЖИНКАТА: Децата од Општина Карпош веќе нeма да добиваат бесплатна ужинка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со одлука на Советот на Општина Карпош, од оваа учебна година, учениците од сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа, ќе имаат можност да добиваат субвенционирана ужинка. Надоместокот кој Општината ќе го покрива ќе биде 50 отсто од месечната цена за ужинка.

Со ова се нaпyшта досегашната практика децата од 1-5 одделение да добиваат бесплатни ужинки. На овој начин, велат од општината, сите ученици од 1-9 одделение имаат можност да користат субвенциониран оброк од Општината.

Ужинките ќе бидат унифицирани за сите десет основни училишта во Карпош, а исто така цената на ужинките ќе биде еднаква за сите училишта.

Целта на оваа ново воведена практика е сите основци од Карпош да се научат на конзумација на здрава исхрана, бидејќи ужинките кои ќе им бидат доставени се согласно сите воспоставени стандарди за здрава исхрана, пропишани според Правилник, подговтвен од Министерството за образование и наука. Исто така, на овој начин се зголемува и бeзбeдноста на учениците од повисоките основни одделенија, кои нема да мора да се оддалечуваат од училиштата за време на големите одмори ,одејќи по храна, и да поминуваат пофрекфентни сообраќајни улици“, велат од општината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This