ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕМААТ НАМЕРА ДА ИНВЕСТИРААТ: Инвеститорите во Владата на СДС гледаат коцкар со иднината на граѓаните и нестабилен партнер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека неспособната влада на СДС ја уништува македонската економија и финансискиот систем на државата, и полека но сигурно ја носи државата кон банкрот.

-Владата на СДС за само 88 дена успеа да ја задолжи Република Македонија за неверојатни 145 милиони евра. Згора на тоа повлекоа и цели 177 милиони евра од државните резерви. Тоа се над 320 милиони за три месеци кои никој не знае каде завршиле. Владата се задолжува за стотици милиони евра и троши без усул. Граѓаните не знаат на што и како се трошат парите, кои утре тие и нивните деца ќе треба да ги враќаат, вели Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Данев напомена дека СДС за да ја покрие финансиската дупка која ја создаваат ќе отпочне со акција за покачување на даноците.

-Медиумите блиски до власта веќе објавија дека до крајот на година може да се очекува воведување на прогресивен данок, што ќе значи дополнителен удар за економијата. Шокот ќе биде особено голем  за малиот и средниот бизнис, кои благодарение на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ, политиката на ниски даноци и рамниот данок, опстојуваат и даваат работа на илјадници луѓе. Овие антиреформи на СДС ќе ја тргнат Република Македонија од мапата на инвеститорите во светот и ќе ја спуштат длабоко на листата на Дуинг бизнис како неатрактивна земја за инвестирање, каде што како еден од најголемите аргументи, а и предности до сега го имавме рамниот данок, што донесе голем број на странски инвестиции во државата, отвори нови работни места и го зголеми државниот БДП, изјави Данев.

Според зборовите на Данев, СДС не размислува за доброто на работниците, исто како што не размислуваше ни во 90-те години на минатиот век кога без работа оставија над 200.000 работници и затворија 684 фабрики кои ранеа илјадници семејства.

-Воведувањето на прогресивниот данок ќе значи помалку пари во бизнисот, помалку средства за реинвестирање во нови погони и работни места, и несигурни претприемачи. Владата директно ќе го поттикне вработувањето на црно и отпуштање на голем број на работници, што ќе предизвика раст на невработеноста, помал обрт на пазарот на капитал и ќе креира немаштија кај голем број на семејства, изјави Данев.

Данев потенцираше дека СДС е закана за економската стабилност на државата и финансиската репутација на Република Македонија во земјата и странство.

-Расипништвото на Владата негативно влијае и во очите на сите инвеститори домашни и странски, кои во Владата гледаат коцкар со иднината на граѓаните и нестабилен партнер. СДС ќе одговара за ваквото расипништво, граѓаните на 15-ти октомври ќе го казнат СДС за сета неодговорност, неспособност и работа против интересите и доброто на Република Македонија, изјави Данев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This