ИНСПЕКЦИЈАТА НЕСПОСОБНА КАКО И НАСУКАНИОТ АЛАЃОЗОВСКИ: Барајќи голем криминал, во Драмски наидоа единствено на „голем“…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катастрофален извештај на инспекцијата која беше пратена во Драмски да најде било каков основ по кој досегашниот директор Роберт Вељановски ќе биде разрешен за на негово место да седне кочијашот и афераш од фејсбук Сашо Тасевски.

Алаѓозовски се однесува како мало хитлерче во културата па брка директори како ќе му текне, без законски основ и само затоа што тој одлучил дека директорите биле под контрола на Груевски и ВМРО.

Дали работи по инструкции на Заев или сам според доктрината на Сорос од каде потекнува и За Заедничка Травадонија каде гравитира заедно со својот верен поданик за односи со јавност Петрит Сараќини – не знаеме. Она што го знаеме е следно:

-Роберт Вељановски исто како и Јелена Жугиќ, Бато Димитров, Горан Стојановски, Дејан Пројковски и многу други (сите други) се на списокот за елиминација на новиот насукан министер за култура.

-Алаѓозовски знае дека не смее да ги брка без основ, па им праќа инспекции кои се буквално пратени со наредба дека мора да најдат било што, било каков основ за да може потоа тој да ги разреши од функцијата

-Некаде инспекциите навистина не наоѓаат ништо па Алаѓозовски макар по цена на кривичен прогон против него ги брка од работа затоа што биле „под директна контрола на Груевски“ – објаснување за бркање од работа какво што веројатно ниту фашистите ниту Сталин не користеле во свое време

-Оние кои тргнале со идеја дека мораат да најдат нешто, завршуваат како оваа инспекција од драмскиот театар која покажа елементарно непознавање на … ништо.

Еве само еден пример од извештајот на инспекцијата која пресуди за смена на Роберт Вељановски, со кој најдобро се гледа нејзиното базично непознавање на нештата:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Вели вака: „Во изминатиот четиригодишен период досегашниот директор Вељановски, нема спроведено постапка за реаудиција“.[/kopa_block_quote]

Вистината е дека со Законот за култура реаудиција е предвидена пред неполни 2 години, а и за да се направи Драмски треба да има Управен одбор од 5 мина во кој во моментов има двајца, затоа што другите не можеше да бидат назначени пред формирање на влада.

Ова не е ни од далеку единствениот бисер, но се носи рамо до рамо со овој:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Од делот на прекршоци издвојуваме дека во националната установа не се водела соодветна евиденција за работното време на вработените во установата, предвидена со законот за работни односи“.

 

[/kopa_block_quote]

Директорот не е портир, има електронска евиденција кој ја почитувал, а кој не. Некој се куцнал на влез, а заборавил на излез, некој се куцнал и за влез и за излез по грешка во рок од 5 секунди (иако над апаратот има упатство како се користи). И сето тоа е затоа што вработените во културата најмалку се занимаваат со формалности, а најмногу со креативност и со уметност.

Актерите имаат обврска да се куцнат 15 минути пред проба и половина час пред претстава, а згора на тоа паралелно се води евиденција во хартиена форма со своерачен потпис за сите – и за техника и администрација и за актери, дознаваме од нашите извори во овој театар.

Но и покрај сите овие околности, инспекцијата која морала да најде причина за разрешување на Вељановски проценила дека една од причините е и тоа што некој вработен не знаел да го користи добро системот за електронско пријавување на работното место во Драмскиот театар.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This