Откако претседателката на советот на град Скопје Љубица Јанчева од СДС влезе во конфликт со своите колеги советници, на дешената седница на советот, таа ја искористи и шансата да ја покаже и својата некултура и да го навреди нашиот портал.
Имено Јанчева без никаков повод и причина откако започна расправија со советничката Ирена Попова, се обрати кон екипата на нашиот портал и не навреди.
Избезумена од расправијата со советничката и од присуството на екипата на ИНФОМАКС претседателката се сврте кон погрешна камера поточно кон репортерот на порталот и безобразно се обрати
„Инфомакс снима? Тоа беше порталот без адреса?“, кажа се олесни и продолжи со расправијата.
Очигледното стравот од популарноста на нашиот портал е се поголем кај претставниците на власта, па ја користат секоја шанса да го навредат и шиканираат нашиот портал.
Репортер
Борислав Стоилковиќ