Ирена проговори за разделбата со Орце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Естрадно –новинарската двојка, Ирена Спасовска и нејзиното момче Орце Гелевски се разделија по 13 годишна врска и ставија крај на нивниот заеднички живот.

Во медиумите се шпекулираше дека причина за нивната разделба е ново момче на Ирена, а таа сега првпат прозбори и во интервју за „Вечер прес“ откри во какви односи е со бившото момче.

– Чаршијата може да зборува што си сака, затоа и се вика чаршија. Но, за сето тоа е „заслужна” една новинарка, пишува паушално и без мојата потврдена изјава. Таа се дрзна, пишувајќи невистини од типот „чаршијата збори….” Инаку, ставив крај на врската со Орце, сега сме само во одлична пријателска и професионална комуникација. А, како ќе биде, ќе видиме. Доколку со новата емисија во МТВ сметаат дека имаат потреба да им пеам, јас сум тука, како еден вистински професионалец. Не би требало да се чувствувам бојкотирано, бидејќи и тие се професионалци…изјави Ирена за „Вечер“.

Иако 13 години живееја под ист покрив, сепак Ирена и Орце не ставија потпис и никогаш не стапија во брак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This