ИРСКА НА ПРВО МЕСТО: ЕУ нема да дозволи Брегзит додека не се реши границата со Ирска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предупредување од ЕУ до Британија дека преговорите за Брегзит ќе сопрат, ако не се најде вистинско решение за прашањето на границата на ЕУ со Ирска.

Говорејќи во Даблин, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека е тешко да се замисли значителен напредок, ако не се прифати предлогот да се избегне цврста граница помеѓу ЕУ со Северна Ирска.

“Ако во Лондон некој претпостави дека преговорите со Брексит ќе се занимаваат со други прашања, пред да се реши прашањето со Ирска, мојот одговор ќе биде: Ирска на прво место”, рече Туск, парафразирајќи го Доналд Трамп со Америка на прво место.

Велика Британија ја отфрли идејата на ЕУ за останување на Северна Ирска во царинската унија со ЕУ.

Објавувајќи ги нацрт-насоките за идниот однос на Велика Британија, Туск пренесе мрачна порака дека договорза слободна трговија ќе ги направи економските односи покомплицирани и скапи.

“Во Договорот за слободна трговија можеме да понудиме трговија со стоки со цел да ги покриеме сите сектори кои подлежат на нула тарифи и нема квантитативни ограничувања. Но, услугите не се дел од тарифи”, рече тој во Даблин.

“Услугите се од заеднички правила, заеднички надзор и заедничко спроведување за да се обезбеди рамноправно поле на игра”.

ЕУ сака тесно партнерство со Британија, но јасно е дека нејзиниот став за трговијата е во спротивност со она на Тереза Меј, која вели дека сака да има слободна трговија помеѓу ЕУ и Обединетото Кралство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This