ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИ ЗА ОСТАВКИ НА 18 ДИРЕКТОРИ: Речиси половина од тендерите во државата склучени во четири очи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За неверојатни 40% се зголемил процентот на тендери на кој се појавувале само еден или ниту еден понудувач, вели истражувањето на Радио МОФ, што пак е индикација дека станува збор за т.н. „местени“ тендерски постапки


Освен тендери на кои се јавиле само еден, или ниту еден понудувач, во овие две години се зголемил и бројот на нетранспарентни компании, кои ги кријат јавните набавки од јавноста, но ги кријат и приходите кои си ги делат членовите на управните и надзорните одбори.

Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28% од можни 100%, е еден од клучните на наоди на новото истражувањето што го објави Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето покажува дека ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност (исполнување на обврските над 60%).

„Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои 6 основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето. Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31%, а претпријатијата основани од општините 27%. На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52%, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0% се наоѓа АД Градски трговски центар“, се дел од клучните наоди во истражувањето.

Целото истражување можете да го прочитате, тука:

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This