ИСТОРИЈА, КАДЕ И ДА КОПНЕШ: Изградбата на патот Штип-Радовиш откри четири археолошки локалитети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изградбата на новиот експресен пат Штип-Радовиш откри четири археолошки локалитети. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов на денешната прес-конференција истакна дека тимот од археолози веќе е на терен и се почнати истражувањата на локалитетите, а низ кој поминува новата траса. Четирите археолошки локалитетите се од праисторијата до средниот век. Штерјов забележува дека за нив се од големо значење.

– Карактеристични се два локалитетa. Едниот, е од таканaречниот хеленистички период, а другиот, од железнодобскиот период. Токму од нив, очекуваме да дадат артефакти, како одговори на повеќе непознаници од животот на населението од овој регион, како и археолошки придонес во обемната македонска архелошка карта на вредни пронајдоци, вели Штерјов.

Архолошките истражувања на трасата на новиот екпсрен пат Штип-Радовиш ќе чинат околу 100.000 евра и ги обезбедува Владата. Археолозите на терен на овие четири локалитети ќе работат до крајот на август.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This