ИТАЛИЈАНЦИТЕ ВО OБИД ДА ЈА ИЗБEГHAТ EПИДEМИЈAТA: Бeгaлe од Милано пред изoлaцијaтa на северна Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанците во обид да ја избегнат епидемијата на коронавирусот во северниот дел на земјата синоќа се снимени како трчаат кон возови, само неколку часа пред да започне големата изолација на тој дел од земјата.

Во видеото, кое на социјалните мрежи го објави Матео Салвини, лидер на Лигата и поранешен италијански вицепремиер, се гледа сцена снимена на железничката станица во Милано Порта Гарибалди каде стотици патници со багаж брзаат кон возови откако синоќа беше објавена вест за планираниот карантин.

https://twitter.com/LegaSalvini/status/1236442652402487301

Милано, Порта Гарибалди: маса на луѓе во доцните вечерни часови брзаат кон последниот возови кои ја напуштаат Ломбардија, по нацрт-декретот за коронавирусот што го издаде Владата, напиша Салвини.

Метежот се случи откако Италија вчера воведе затворање на својот богат север, вклучувајќи го и финансискиот главен град Милано, во драстичен нов обид да ја спречи епидемијата на коронавирусот.

Уредбата што ја издаде италијанскиот премиер Џузепе Конте непосредно по полноќ, влијае на околу 16 милиони луѓе, вклучувајќи го и регионот Ломбардија и уште најмалку 14 соседни провинции, вклучувајќи ги Венеција, Модена, Парма, Пјаченца, Реџо Емилија и Римини, и ќе остане во сила до 3 април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This