Италија зaбpaни работа на нива попладне откако мигpaнт починaл по завршувањето на смената

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјоделското стопанство во попладневните часови во најжешките денови беше забрането во регионот на југот на Италија по смртта на мигрант кој се чувствувал лошо додека работел на нива и се онесвестил, пренесоа светските агенции.

Гувернерот Микеле Емилијано од југоисточниот регион Пулиа, сместен на „петицата“ на италијанската „чизма“, вчера потпиша наредба за забрана на земјоделски работи од 12,30 до 16,30 часот во текот на целиот месец август, особено во топлите денови.

27-годишен мигрант од Мали се чувствувал лошо во четвртокот додека работел за дневница во полето. Се враќал со велосипед на патот долг 15 километри до неговиот дом, кога се онесвестил и починал.

Во својата наредба, гувернерот Емилијано рече дека последните недели во Пулиа има денови со температура до 40 Целзиусови степени. Најмалку двајца градоначалници во Пулиа, вклучително и пристанишниот град Бриндизи, воведоа слични мерки на почетокот на минатата недела.
Се испитува причината за смртта на Малиецот.

Случајот потсетува на смртта на 49-годишна Италијанка во 2015 година, која доживеа срцев удар додека работеше на лозје. Нејзината смрт привлече внимание на тешките услови во кои италијански и странски работници работат долги смени додека берат овошје и зеленчук и работат на нива за неколку евра на час.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This