И бapoкот им е мил кога има пари – Среде kpиза Владата тpoши милиони за фacaди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во период на здравствена и економска криза, Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев расипнички ги троши парите на граѓаните и по милиони пат покажа дека ни најмалку не и важно како граѓаните живеат.

Доказ за тоа е и што Владата во период на криза и дала на АД ЕСМ милион евра и тоа за фасада и сето тоа без да го знае јавноста.

Како што пренесува порталот Фактор, ваквата одлуката е донесена на владина седница на 29 декември за одобрување на средства од буџетот за 2020 година во износ од 61.000.000 денари, а трансакцијата е веднаш извршена по два дена, односно на последниот ден од минатата година, без посебно известување до јавноста.

По ваквата информација кај голем број на граѓани се појавува револт и незадоволство за тоа дали сега е период кога владата треба вака да ги троши народните парите однодно кога над 55.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите приходи.

Не е само ова прашање, се појавува и прашањето зошто сето ова се прави далеку од очите на граѓаните кога власта ветуваше високо ниво на транспарентност.

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски, пролетта рече дека од ЕВН се купени четири ката од зградата на АД ЕСМ, дел од приземјето и земјиштето под зградата за 2,2 милиони евра и дека се работи на надворешниот изглед.

Извор: Фактор

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This