И ВО КАРАНТИН СЕ ФУНКЦИОНИРА: Еве кои маркети се пријавија да вршат нарачки во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку маркети во Куманово се пријавија да вршат онлајн продажба на своите производи за време на викендов, бидејќи градот е под целосен карантин, со цел да се задоволат основните потреби на граѓаните.

Кумановскиот кризен штаб вчера побара од Владата итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и онлајн на прехрамбени продукти, по што неколку маркети се пријавија веднаш:

– Ацидо Ком маркети 078311077 и 078352669

-Ќошар 078258607 и 078258708

-Елида 031 419 521

– Јахи Маркет с.Черкези 070467311

Тинекс- Скопје 071 340742, 071 340963, 070 358500, 072 256100, 071 285386, 070 299507

Од општинскиот кризен штаб ги повикаа и останатите фирми, кои се подготвени да се вклучат во акцијата да ги контактираат на е-маил адресата info@kumanovo.gov.mk и телефонскиот број 078/365-061.

По забрзаното ширење на коронавирусот во Куманово, Владата одлучи градот да биде ставен под целосен карантин за време на викендите кој трае од петк во 21 часот до понеделник во 05 часот изутрина. Во текот на деновите од неделата, кумановци ќе може да се движат до 16 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This