И денеска дожд: Најмногу попладне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште во раните утрински часови низ поголем дел од земјава ќе биде врнежливо. Рано претпладне врнежите ќе направат “мала пауза“, кога ќе има и мало намалување на облачноста.

Попладне повторно очекуваме дожд , пред се во западениот регион, каде ќе има умерен интензитет, и локално во североисточниот крај со слаб интензитет.

Во вечерните часови врнежи ќе има во крајниот западен и крајниот источен, планински дел од земјава.

Попладне ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Дневната температура ќе има максимална вредност помеѓу 12°С и 16°С во најголем дел од котлините. Значајно потопло, со максимална околу 17°С ќе биде во југоисточниот крај.

Скопскиот крај очекува облачно време во најголем дел од денот. Повремени врнежи ќе има во рано наутро и повторно приквечер.

Температура ќе има максимална вредност до 16°С.

Извор:ZaSe.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This