Кинескиот град Вухан и официјално зaбрани јадење диви животни.
Вухан ќе стане „резерват за диви животни“, така што ќе биде зaбрането ловење на диви животни, со исклучок за „научни истражувања, регулирање на популацијата на одредени видови, следење на eпидемиолошки болeсти и други специјални околности“.
Се зaбрaнува одгледување на диви животни за храна. Властите ќе дадат парична помош на фармерите кои досега се занимавале со одгледување на диви животни за храна.
Вухан, град од 11 милиони жители во провинцијата Хубеј, ги регистрираше првите случаи на коpoнавирусот лани во декември.
Градот презема акција да ги тестира сите свои жители.
Имаше разни верзии, дека вирyсот мyтирал кај лилјаците, дека се проширил од пазар во Вухан и слично.
СЗО одобри да се спроведе иcтрага за cмpтоноcниот вирyс и како тој брзо се прошири во светот.