И Халкидики вo плaмeн: Гopи вo Фурка, пoжapи нa нeкoлкy мecтa нa Kacaндpa и Cитoниja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На неколку локации на Халкидики, доцна синоќа избувнаа пожари, веројатно предизвикани од громови, но не претставуваат опасност, додека пак значително е подобрена ситуацијата на грчкиот остров Евија и на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

На Халкидики, веројатно поради удари на гром предизвикани од невремето, вчера избија пет пожари во поширокиот регион на Касандра и Ситонија, а активен е само шумскиот пожар во Фурка, каде што интервенираат 76 пожарникари со четири пешадиски тимови, со 29 возила и по еден авион и хеликоптер.

За конкретниот пожар на Твитер објави и заменик-претседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас, кој напиша дека со итната мобилизација на пожарникарите, цивилната заштита и волонтерите, се избегна најлошото.

Дождот во текот на ноќта помогна и им ја олесни работата на пожарникарите во северниот дел на Евија, кои од 3 август се обидуваат да ги стават под контрола огнените јазици.

И понатаму интервенираат голем број пожарникари, вкупно 858, како од Грција, така и од Србија, Романија, Полска, Словачка, Украина и Молдавија, а од воздух, пожарот се гаси со четири хеликоптери и три авиони од кои два се руските Ил-76 и Бериев-200.

Со мали жаришта, активен е и пожарот во западниот дел на Пелопонез, каде што интервенираат 678 пожарникари со 30 пешадиски тима и 218 возила, а во справувањето со огнената стихија, помагаат и противпожарните сили од Чешка, Велика Британија, Франција, Германија и Австрија.

Од воздух, пожарот се гаси со три авиони и два хеликоптери.

За катастрофалните пожари што мината седмица ја зафатија Грција и предизвикаа материјална штета, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска ќе одржи прес конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This