Иcкршени, рacпаднати, yништени..:Гpoбовите на Илинденците од Битолско целосно зaборавени од надлежните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Искршени, распаднати, „изедени“ од временските услови…Ова е сликата на гробовите на илинденците во битолско.

-Да оддадеме почит кон нив, значи да се бориме за нашата светла иднина. Денес кога имаме слободна македонска држава и го живееме нивниот сон, за жал, нашиот однос кон сите овие места, можам да кажам дека е непристоен. Гледаме во каква ситуација се наоѓаат, дека се целосно заборавени и ако не постојат оние панихиди на кои што им оддаваме почит, за жал, можеби ќе бидат избришани од колективната меморија, рече за Алфа битолскиот историчар Александар Јаневски.

И свештенството од околната црква е разочарно од односот на надлежните кон ова историско богатство, во спомен на револуционерите.

-Не можам да се воздржам, а да не речам дека тие што се задолжени и ги избираме да се грижат за да живееме во слобода како што Господ благословил, всушност се грижат с`е што можат да продадат, па кога би можеле и овие мермерни камења, само нешто да заработат уште нешто повеќе. Тоа многу ми е криво, гледајќи дека с`е се запоствува, нагласува црковниот старешина во храмот „Света Недела“ . Во Завод и музеј Битола, за телевизијата веднаш рекле дека не се надлежни за гробиштата иако од 1975 година имаат посебен реферат со околу 160 позиции за заштита на културното наследство, каде се споменува и Илинденскиот период, но и повеќе гробишта на освојувачите од Првата светска војна- француските, германските, српските и бугарските. Во Заводот за заштита на спомениците, нмикој не одговорил на телефонските повици. Од ЈП „Комунaлец“ кое стопанисува со градските гробишта, исто се прогласија за ненадлежни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This