Иcтpaжyвaњe: Ceкoj дeceтти житeл нa Шпaниja бил инфициpaн co кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој десетти жители на Шпанија до средината на ноември бил заразен со коронавирусот, а речиси половината од заразените се инфицирале за време на летното повторно избувнување на жариштето, покажуваат првичните резултати од официјалното истражување за присуството на антитела кај луѓето.

Четвртата и најнова студија за присуство на антитела на национално ниво утврди дека 9,9 отсто од над 51.400 испитаници имаат развиено антитела во одреден момент од пандемијата, соопштија официјалните лица од шпанскиот главен Центар за епидемиолошки студии, Здравствениот институт „Карлос Трети,“ соопшти денеска Министерството за здравство.

Студијата укажува дека досега најмалку 4,7 милиони луѓе биле заразени со вирусот, иако според потврдените податоци на Министерството за здравство, до вчера во земјата се заразени вкупно 1,75 милиона лица, а тоа било докажано врз основа на лабораториски тестови.

Во Шпанија, исто така, потврдени се 48.000 смртни случаи од Ковид-19, иако пријавениот вишок на смртност укажува на поголем број смртни случаи.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This