КАВАДАРЦИ, ГРАД СО НАЈМАЛА НЕВРАБОТЕНОСТ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваше огромна помош за локалната самоуправа, Кавадарци е прероден град!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ преку панел дискусии продолжува да го презентира она што градоначалниците од оваа партија го сработиле за своите општини. На денешниот панел „Инвестираме во локалната самоуправа“, говореше градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов.

Тој кажа дека во периодот на неговиот прв мандат од 2009 до 2013 година тие се справувале со многу егзистенционални прашања за граѓаните, како што се недостиг вода за пиење, како и рестрикција на вода во просек до 8 часа дневно, за овој проблем кажа дека голема заслуга имала и Владата тогаш. Тој кажа дека имале и задолжено претпријатие кое должело 1,2 милиони евра и многу тужби кои пристигнале во периодот на 2010 и 2011 година. Додека во вториот мандат повеќе се работело за воздигнување на првобитните проблеми и се решавале проблеми кои не се од егзистенцијален тип.

-Кавадарци во моментов е град кој има најмала невработеност во Македонија, која се движи нешто под 10 проценти, што претставува европски процент на невработеност, што секако се должи на најголемата инвестиција во Република Македонија, кога се во прашање не висината и милионите евра дадени во таа инвестиција, туку кога се во прашање бројот на вработените. Дрексел Мајер во моментов вработува околу 6.000 работници и е број еден во државата, а и порано имавме компании кои вработуваа многу луѓе и пред Дрексел Маер имавме ниска невработеност, изјави Панов.

Тој кажа дека четврта или петта година го имаат најдоброто комунално претпријатија во Македонија. Тој кажа дека тоа претпријатие има набавено 20 возила, како и дека платата е подигната. Тој кажа дека целта на локалната самоуправа била проширување и реновирање на градинките, како и дека била изградена нова градинка, а дека во финиш со градбата е и нова градинка во која ќе има место за околу 100 деца. Тој најави дека инвестициите во овој дел нема да престанат, бидејќи како што вели тоа е една од најпотребните работи на општината, за што побара помош од советниците од СДСМ кои гласале против ребалансот на буџетот на општината со кои се предвидува нова градинка.

-Со помош на Владата на Република Македонија во Кавадрци изградивме и еден НВО центар, тука соодветно учество имавме ние како локална самоуправа, но и ОН. Со тоа изградивме еден центар кој е за НВО секторот, изјави Панов.

Тој кажа дека помошта која владата на ВМРО-ДПМНЕ ја давала за општините треба како пример да го следи и новата Влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This