КАВАДАРЧАНИ МАСОВНО СОБИРААТ ПОТПИСИ: По неколку минути се чека на ред за потпис против тешката индустрија во Кавадарци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шести ден трае петицијата на кавадарчани за собирање на потписи против изградба на производни капацитети за тешка индустрија, поточно цинкара во која инвеститор планирано е да биде компанијата ИГМ, а со дозвола на градоначалникот Митко Јанчев

„Денеска граѓаните се “тепаа” за да се потпишат на петицијата против канцерогената тешка индустрија во нашиот град!
Буквално се чекаше ред по неколку минути за потпис.
Ви благодариме!“ – пишуваат на ФБ групата „Не за тешка индустрија во Кавадарци“

Во септември, премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев, придружуван од сопственикот на „Макстил“ Минчо Јорданов, имал средба со советниците од општината на која од нив побарал да го прифатат барањето на Гечев за пренамена на земјиштето, за таму да се изгради ладна валалница иста како онаа на „Макстил“ во скопската населба Железара.

Заедно со компанијата на Гечев во оваа фабрика ќе инвестира компанија од Индија. Во компанијата ќе има 300 вработувања што ќе придонесе многу за градот. Јас да сум на ваше место би гласал ‘за’ – им рекол Заев на советниците, според кажувањата на еден советник од општина Кавадарци.

Јорданов ги убедувал советниците дека ладната валалница нема да загадува и дека со гласањето „за“ ќе придонесат за развој на кавадаречката економија со тоа што ќе има тешка индустрија.

Сепак, поголем дел од советниците се спротивставиле на ваквото тврдење и извадиле статистики за загадувањата кои ги носи ваквата топилница. Според неофицијалните информации на „Лидер“ поголем дел од советниците предводени од ВМРО-ДПМНЕ се противат на изградбата на топилницата која веќе еднаш е одбиена од Советот, но сепак спротивно на деловникот, точката повторно ќе се стави на дневен ред. Неофицијално извори брифираат дека на Гечев, Заев, Анѓушев и Јорданов им асистира и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, кој лобира кај советниците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“ оваа одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This