КАДЕ ОТИДЕ СВЕТОТ: Маж силувал куче на кејот на Вардар па избегал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ тврди дека минатата недела сред бел ден е мачено и силувано куче на кеј, поточно од страната на Керамидница. Според нивните инфромации, силувањето го извршило лице на возраст од 25 до 30 години, кое „по монструозното изживување врз кучето влегло во едно од куќарките од таа страна на Вардар“. Оттаму информираат дека имало повеќе сведоци кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која влегло лицето.
stray-dogs

Наскоро очекуваме информации од полицијата за овој случај.

– Шокирани сме што се се случува во Македонија и што се е се толерира во нашето општество! Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега! Бесни сме што полицијата, иако им е пријавено нема доволен интерес или механизми да влезе и изврши претрес, вештачење, го приведе монструмот кој мачи и силува без око да му трепне што некој го видел, викал, го пријавил! Инсистираме да веднаш биде спроведена истрага и да овој психопат не излезе од затвор! – пишуваат од „Анима Мунди“.

Оттаму додаваат дека адвокатскиот тим на „Анима Мунди“ контактира со сведоците и бараме најстрога казна и правда за злоставуваното куче.

– Каква порака се пренесува на овие деликвенти и психопати, доколку не бидат најстрого санкционирани? Кој ги штити луѓето, децата, животните во нашето општество, колку сме безбедни кога социопат, сексуален манијак, зоофил, зооераст слободно шета и силува животни на кеј, пред очите на другите луѓе? Се изживува, ги присилува на дејствија кои не им се природни, со кои ги мачи, повредува, осакатува, или убива?! – истакнуваат од „Анима Мунди“.

Тие потсетуваат на пример од Кочани, каде лице кое биле пријавувано за силување, мачење, убивање на кучиња е на слобода и без било каква контрола на лицето.

– Луѓе не контактираат во континуитет за тоа лице, распаметени од страв што меѓу нив слободно шета таков насилник. Тоа лице и таквите како него се опасност која демне и само чека погоден миг за нова жртва – велат од здружението.

Тие ги повикуваат надлежните институции да ги вложат сите напори за да има казни за овие лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This