Какви се одблизу лицата на познатите дами кои не користат ботокс? (фото)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека некои ѕвезди изгледаат како времето за нив да застанало, па неретко имаат и скаменета фаца, овие жени горделиво си ги покажуваат брчките, коишто реално сведочат за нивните години.

Ботоксот им е најдобар пријател на мноштво холивудски имиња. Таа „магична“ супстанца им овозможува да изгледаат младолико, како и да ги избришат сите старечки „линии“ од лицето.

Во морето славни убавици кои се поборнички за ваквата метода на разубавување, постојат и такви, кои денес категорично се противат на идејата да ѝ се приклучат на првата група.

Ова се познатите дами кои не го „пеглаат“ лицето со ботокс – и како тоа им изгледа одблизу:
Гвинет Палтроу (46)

Во текот на 2018 година, американската глумица објави книга посветена на природната убавина, каде детално опиша како се грижи за кожата и косата.

Воедно подели и делотворни совети за тоа како може да се победи староста, без ботокс и останати хемикалии. Бестселерот е напишан врз основа на личното искуство на Гвинет Палтроу.

„Испробав речиси сè од индустријата за убавина, вклучувајќи го и ботоксот. Меѓутоа, изгледав смешно после направениот третман.“

Моника Белучи (54)
Италијанската занесна глумица има одлучено дека достоинствено ќе старее – без ниту една пластична операција.

„Кога бев во младите години, пречувствително ја доживував убавината. Но, денес луѓето со брчки ми се позанимливи. Трагите од времето на лицето и телото, помагаат да не се заборави на најважното. Вака подобро ја согледуваме душата.“

Моника Белучи од истата причина не сака ни да ѝ ги обработуваат сликите со Фотошоп.

Сара Џесика Паркер (54)
Во одредени фази од кариерата, познатата актерка редовно била „подмладувана“. Сара Џесика Паркер со тек на времето го променила ставот, за што сведочи и неодамнешното интервју, каде појасни зошто ги одбива инјекциите.

„Некои жени веруваат дека ботоксот е задолжителен за успех. Од друга страна, јас лично мислам дека сега, во моментов не е од пресудна важност за филмската индустрија.“

Во нејзините зборови има вистина. Брчките ни најмалце не ја спречуваат 54-годишната ѕвезда на „Сексот и градот“ да добива нови улоги.


Рејчел Вајс (49)
Уште една позната дама која категорично се противи на ботоксот е 49-годишната глумица. Таа за разлика од останатите на листата, има поригорозен став по ова прашање.

„Ботоксот треба да им се забрани на актерите, како што е забрането користењето стероиди кај спортистите. Работата на секој глумец е заснована на изразот со лицето. Зошто некои луѓе толку многу сакаат да ја уништат оваа дарба?“

Рејчел Вајс не крие и дека е огорчена поради нејзините колеги и колешки, на кои естетските хирурзи им се најголеми сојузници во кариерата.


Кира Најтли (34)
Британската глумица делува за нијанса постаро во однос на своите години, највеќе заради брчките на челото.

Кај неа тие се резултат на мошне експресивните изрази, коишто Кира Најтли ги прави со лицето. На 34-годишната убавица воопшто не ѝ пречат. Напротив.

„Чувството на љубов и среќа се многу поважни од изгледот на кожата.“

Кејт Мидлтон (37)
Британската монархија има повеќњ необични правила. На пример, за членовите на кралското семејство не е прикладно да носат крзно, да играат монопол и да бидат светкаво нашминкани.

Ботоксот и пластичната хирургија исто така се под неофицијална забрана. За Меган Маркл кружат гласини дека ги занемарува овие правила.

За разлика од неа, Кејт Мидлтон е послушна идна кралица, така што војвотката од Кембриџ е принудена да ги почитува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This