April 27, 2024, 11:17 am

КАКЕИБО:Едноставен јапонски трик кој може да ви заштеди многу пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веројатно повеќето од вас знаат какво е чувството кога неколку дена пред плата, вашата банкарска сметка е празна, а вие не знаете на што сте ги потрошиле парите?

Маничното штедење на парите на никој не му е драго, но мора да постои начин за да сфатите на што ги трошите вашите финансии. Тајната би можела да лежи во древната јапонска метода наречена Какеибо која помага да ги заштедите парите.

Какеибо во превод значи “сметководство на домаќинствата”, а потпирањето на овој метод може да ви заштети поприлично голема сума на пари. Сè што треба да направите е, при крајот на месецот, да седнете и да запишете на лист хартија на што сте потрошиле пари во последните четири недели. Доколку не можете точно да се сетите, напишете го она на кое најчесто трошите пари.

Целта на оваа метода е да пружи надзор над тоа каде сте ги потрошиле вашите пари, но и да ви покаже каде можете да заштедите. Исто така, Какеибо ве подучува да внимавате на четирите области кои им се важни на сите:

1. Опстанок – да бидете во состојба да платите кирија и сметки и да купите храна.

2. Незадолжително – купување нова облека, вечера во ресторани и пијалоци и купување нов лаптоп или мобилен телефон.

3. Култура – посета на кино, театар, концерти и спортски настани.

4. Дополнително – подароци за роденден, непланирани поправки и итни случаи.

Секако, оваа метода не звучи како нешто ново и револуционерно, но многу луѓе кои ја испробале истата тврдат дека заштедиле дури 35 отсто од буџетот.

За оние кои сакаат да заштедат на некој друг начин, тука е и предизвикот наречен “365 дена”, кој луѓето масовно го прифаќаат бидејќи штедењето буквално не се чувствува. За пример, се штеди по принципот на еден денар во понеделник, два денари во вторник, три денари во среда и сè така до недела кога во касата се ставаат седум денари. На крајот од годината ќе имате речиси 1500 денари кои можете да ги искористите на новогодишни подароци или на нешто понеопходно.

Доколку сакате уште поголем предизвик, пробајте секој понеделник да ставате пет денари во касата, вторник – десет, среда – петнаесет и сè така додека во неделата не ставите 35 денари. Со тоа би заштедиле околу 7000 денари.

Поранешната новинарка, а денес и професорка по новинарство – Мари Ц. Френклин, пред 12 години ги тргала настрана сите пет долари кои ги добивала како остаток во текот на плаќањата. Таа вели дека по овој метод, повеќе нема да ги гледате парите со исти очи. Кога ќе видите како се множат, нема да паднете во искушение да ги потрошите, а тоа речиси станува зависно. Самите ќе се предизвикувате во тоа колку брзо ќе можете да заштедите пари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This