КАКОВ ЌЕ БИДЕ ИСХОДОТ ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО ПОКАЖУВААТ БИЗНИС ИНТЕРЕСИТЕ: Фирмата на Метју Нимиц инвестирала и остварува профити во Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медијаторот во спорот помеѓу Република Македонија и Грција, Метју Нимиц, имал бизнис интереси со грчката влада, обвинуваат од ОМД, објаснувајќи дека во текот на 2005 година Нимиц како директор во компанијата „Генерал Атлантик“ преку данската банка „Саксо Банк“ инвестирала 127 милиони евра во подржуница во Грција

Фирмата “General Atlantic” кадешто Метју Нимиц ја извршуваше функцијата Главен оперативен директор во 2005 година инвестирала 127 милиони долари во данската банка “Saxo Bank” која има своја банка-подружница во Грција – “Saxo Bank Hellas.”

Ова е класичен пример на судир на интереси за улогата која Нимиц ја има како медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција, и ја доведува во прашање неговата независност и непристрасност. Крајно недозволиво е медијатор да има финансиски и бизнис интереси во една од државите кои се дел од спорот, и притоа да тврди дека е непристрасен.

Минатата недела и самиот Нимиц призна дека неговата фирма инвестирала во “Saxo Bank”, но вели дека “не знаел дека банката има подружница во Грција”?!

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) јавно го прашува господинот Нимиц:

1. Дали го има пријавено овој судир на интереси во Етичката канцеларија на ОН?

2. Дали тој остварил личен профит од оваа зделка?

3. Дали смета дека бизнис интересите влијаат на неговата работа како медијатор?

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This