Како во тpaнзиција: Текстилните работници од Штип од денес на колективен одмор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 3500 работници од вкупно 70 конфекции во Штип од денеска се на колективен одмор. Оваа информација за МИА ја потврди претставникот на текстилниот кластер од Штип, Кирил Нашков. Нашков посочи дека компаниите се одлучиле да ги испратат работниците на одмор, поради неизвесноста и недонесувањето на петтиот пакет на мерки, но и строгите рестриктивни мерки кои Европа ги воведе со последниот бран, со што нивните партнери засега не склучуваат нови нарачки.

„Каква ќе биде иднината понатаму ќе мора да почекаме. Се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Ако остане ваква црна сликата, моја претпостапка е дека дел од вработените воопшто и нема да бидат повикани да се вратат на работа,“ вели Нашков.

Нашков нагласи дека државната помош од петтиот пакет на мерки не е за спас на фирмите, туку за спас на работните места во реалниот сектор, кој се соочува со низа на проблеми и неизвесност поради пандемијата и мерките во земјите од ЕУ, од каде што им пристигнуваат и нарачаките за работа.

Големи штипски компании во моментов ја немаат исплатено платата на работниците, кои останаа и без здравствено осигурување во време на пандемија, чекајќи ја државната помош. Упрвата за јавни приходи минатата недела излезе со бројка дека 7.000 работници на државно ниво ја чекаат платата за февруари.

Донесувањето на новиот петти пакет антикризни мерки заедно со уште неколку други закони се уште е блокиран во Собранието. Договор падна меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, по средбата на нивните лидери, но од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа илјадници амандмани и остануваат на ставот дека ќе ги повлечат само доколку се најде решение за Законот за државјанство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This