КАКО СДСМ СЕ ОДНЕСУВА СО ДРЖАВНИТЕ ДОБРА : Истумбано, целосно демолирано службено возило на Шумска Полиција се крие во Караџица во Петровец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истумбано, целосно демолирано службено возило во сопственост на Шумската Полиција се крие во Караџица во Петровец!

Според информациите и фотографиите до кои дојдовме, истото возило било уништено од страна на раководни структури вработени во шумската полиција и тоа во момент кога истите лица биле во алкохолизирана состојба, надвор од работното време и работните обврски.

Запрепастувачко е тоа што за овој случај и покрај тоа што знаел и Министерот Трајан Димковски и началникот на Шумска Полиција, истите се обиделе да го прикријат случајот од очите на целокупната јавност, а секако со тоа преземајќи дел од вината.

Ова само по себе е скандал од невидени размери во кој е направена огромна материјална штета на добра во сопственост на Република Македонија и се сторени повеќе злоупотреби и прекршувања на службени овластувања и положби.

Ова не е изолиран случај. Злоупотребата на возилата се случува во огромна мера, а посебно во делот на Македонски Шуми и Шумската Полиција тоа е секојдневие.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This