КАКО ХУНТАТА ПРАВИ МЕСТЕНКИ НА КАНДИДАТИ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Сведоци сведочат за местенката која активисти на СДС му ја правеле на Митко Јанчев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашното приведувањето на Митко Јанчев , кандидатот за градоначалник за Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ во полициска станица е местенка на активистси на СДСМ од градот. Имено вчера Здравко Бошков, носител на советничка листа од ТМРО во Кавадарци, објави сведоштво за настанот и како целиот случај е класична местенка на активист на СДСМ.

Бошков, во фејсбук разговор на неговиот статус подетално го разјаснува  случајот.

Бошков вели дека бил сведок на местенката организирана од симпатизер на СДСМ, имено лицето кое го наместило Јанчев по телефон пратил цела смена на МВР во обиколка. Бошков потенцира дека лично го видел скриен позади дрворед на улицата како звони и чека, тој во моментот пешачел и бил веднаш зад него, при што имал прилика директно да ги слушне наредбите кои ги давал до полицијата. Искрено Стивен Спилберг може вода да му носе, напиша Бошковски на неговиот профил.

Медиумите неколку пати објавија фотографии од партиски активисти на СДСМ каде што се гледа како вршат поткуп на гласачите, делење на дрва во неколку урбани заедници во  Кавадарци за што голем број од кавадарчани се жалеа дека почнува грејната сезона, а не можат да набават дрва за огрев, се делат брашно и зејтин, а во делот каде што живее ромското населени се делат пари од 1.000 до 3.000 денари.

Според информациите кои пристигнаа до нашата редакција, партиските активисти на СДСМ во Кавадарци  вршат голем притисок врз гласачите. 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This