КАЛАЈЏИЕВ:Амнестијата за 27 април која ја нудеше ВМРО-ДПМНЕ е попрофатлива отколку селктивната на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетскиот професор и учесник во шарената револуција, Гордан Калајџиев во емисијатат студио 1 на 1 ТВ нагласи дека помилувањето е само изговор за остварување на некои политички цели, односно како што рече тој постигнување на доволно мнозинство за Преспанскиот договор.

Според него, погрешен е чекорот на селекција за тоа кој одговара и кој може да одговара.

Се мачат со некаква селекција за тоа кој може да одговара, а кој не и сметам дека тоа е погрешен чекор, потенцираше тој.

Калајџиев истакна дека повеќе се согаласува со она што го понуди ВМРО-ДПМНЕ, амнестија за сите, бидејќи според него тоа решение е почисто и полесно изводливо, бидејќи без разлика кој какви дејствија има за 27 ми април сепак учествувал во тој настан.

– Јас сметам дека опцијата за чиста амнестија за целиот настан е почиста и полесно е изводливо и помалку ќе има опашки. Сега они можеби тактизираат. Сега ние тука не знаеме колку им треба во процесот да ги држат овие условно речено политички трговии. Инаку почисто е да има амнестија. Амнестијата како институт е за цел настан и за неопределен круг на луѓе и тука не се оди поименично. Поименично влегува во институтот помилување, кое што е оставено за претседателот на државата, смета тој.

Мојот совет би бил повеќе во насока на она што го нудеше ВМРО. А јас ретко се слагам со ВМРО, заврши Калајџиев.

-Искрено да ви кажам овие процес не ми се ни мене и, а ниту на јавноста јасни до крај. Имам еден впечаток личен веројатно го дели и дел од јавноста, дека не се многу искрени политичарите. Искрено помилувањето е само изговор за постигнување на некои политички цели, во смисла на постигнување на доволно мнозинство за Преспанскиот договор. Ако јас би се прашал дали би го голтнал, а би голтнал една амнестија за оваа цел, можеби би голтна. Меѓутоа проблемот е ако се навикнувате да голтате, се навикнувате на неказнивост и на она дека системот е дисфункционален, вели Калајџиев.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This